СНЕЖЕН ХАОС ВО САД: Речиси 1.000 сообраќајки во еден ден и неколку десетици загинати поради снежното невреме во Ајова и Мисури

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во американските сојузни држави Ајова и Мисури снежното невреме предизвика неколку стотини сообраајни несреќи, во кои има и загинати

© REUTERS/ KCCI-TV via AP

Властите на Ајова соопштија дека, поради снежното невреме, во 185 сообраќајни несреќи загинале повеќе од седум лица, а пет се хоспитализирани во критична состојба.

Истовремено, властите на Мисури соопштија дека пет лица се загинати, а десетина повредени во повеќе од 650 судири на завеаните од снег патишта, пренесува АП.

Сообраќајната полиција на Мисури објави дека несреќите зпаочнале да се случуваат кога снегот започнал да паѓа во понеделникот попладне, а влажните коловози се заледиле поради ниските температури.

Наведено е дека најголемиот судир бил на меѓудржавниот автопат 44 во близина на Маршфилд, каде помеѓу 60 и 80 возила се оштетени и каде настрадал 55 годишен маж од Калифорнија.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This