April 19, 2024, 10:45 pm

СНЕЖНА ПОКРИВКА ЈА ПОКРИ МАКЕДОНИЈА: На места и преку 1 метар снег, Скопје блокирано, забрана за движење на речиси сите патни правци

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Снежна покривка, на места речиси до метар и половина вечерва ја покри Македонија, а создаде и потешкотии во сообраќајот низ целата држава, особено во главниот град Скопје

 

Во Лисец снежната покривка достигнала длабочина од 73cm до 04.30 часот изутринава,  а снегот ќе продолжува да паѓа и во текот на целиот ден. Температурата на воздухот е -8 степени целзиусови според мерните станици на „Weather Underground”.

Слична е и состојбата во Маворово, каде темпертурата утринава во 04.30 часот беше -8 степени целзиусови. Снежната покрива во Маврово изнесува 73cm рано изутринава, а снегот ќе продолжи да паѓа во текот на целиот ден. Снежната покривка во Лазарополе ја премина границата од 1 метар.  

Температурата во Скопје рано изутринава во исто време, беше околу -3 степени целзиусови, а снежната покривка во градот изнесува околу 10cm. На врвот на Водно беше измерена температура од -5 степени целзиусови и снежна покривка од речиси 40cm.

Снегот предизвика сериозни проблеми во главниот град. Во ноќните часови поголемите улици се прекриени со снег и сообраќајот се одвива отежнато, бидејќи возачите ја прилагодуваат брзината согласно условите на патот. Сообраќајниците се потполно прекриени со снег, а службите во текот на целата ноќ не излегоа на терен.

Од АМСМ информираат дека се воведени бројни забрани на речиси сите патни правци низ земјава.

На 26.02.2018 година од 03:00 часот на регионалниот пат „Валандово – Дојран“ кај крстосница Фурка, воведена е забрана за сообраќај на тешко товарно возило поради попреченост на товарно моторно возило.

На патниот правец Маврово – Дебар во 13:20 часот воведена е забрана за движење на тешки товарни возила.

Од 16:00 часот, поради врнежи од снег, воведена е забрана за движење на тешки товарни возила на патниот правец Струга – граничен премин Ќафасан.

Од 16:55 часот воведена е забрана за движење на тешки товарни возила на планинскиот премин Пресека.

Од 17:30 часот воведена е забрана за движење на тешки товарни возила на планинскиот премин Стража.

Од 18:00 часот воведена е забрана за движење на тешки товарни возила на планинскиот премин Буково.

Од 20:00 часот воведена е забрана за движење на тешки товарни возила на планинскиот премин Плетвар.

Од 20:25 часот воведена е забрана за движење на тешки товарни возила на планинскиот премин Ѓавато.

Од 00:45 часот воведена е забрана за движење на тешки товарни возила на планинскиот премин Барбарос.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е појава на одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This