Притвор од 30 дена му е одреден на порнешниот директор на УБК, Сашо Мијалков на барање на Специјалното јавно обвинителство.
Од СЈО информираа дека притворот на Мијалков е за предметот „Таргет – Тврдина“.
По Кирил Божиновски и Миле Јанакиески, Мијалков е третиот приведен функционер од поранешната власт по бегството на екс премиерот Никола Груевски.
Од тоа што може да се види на снимката, возила на СЈО влегуваат и излегуваат од затворот. Се претпоставува дека во едно од нив е донесен и Мијалков.
Неофицијално, Мијалков давал отпор при апсењето.