СНИМКИ ОД БЕЗБЕДНОСНИ КАМЕРИ НА ХОТЕЛОТ „АРКА“: Сопственикот тврди дека 20 хулигани ги држеле заложници!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Од хотелот „Арка“ се жалат дека од утрово до попладнево биле изложени на, како што велат, вандалски напад од страна на 20-ина хулигани организирани од сопственик на дивоградба, која, според тврдењето на сопственикот на „Арка“, Сашо Џиковски, се гради во Старата скопска чаршија.

Џиковски вели дека полицијата интервенирала неколкупати, меѓутоа им рекле дека повеќе не се во можност да ја гарантираат нивната безбедност и им порачале да си ангажираат приватно обезбедување. Тие биле заложници во хотелот заедно со уште 30-ина странски гости.

„Ова е резултат на неколкумесечен напад со цел насилно затворање на хотелот и преземање на паркинг-просторот, а тоа е потикнато од нашата етничка припадност како последна македонска фамилија што оперира во Старата скопска чаршија и во овој дел од градот. Објектите и опремата што се уништуваат се сопственост на хотелот „Арка“ и за нив имаме соодветни одобренија и дозволи“, вели Џиковски.

Тој додава и дека за горенаведените проблеми ги известиле МВР, Град Скопје, Државниот градежен инспекторат и Управа за заштита на културното наследство, но дека досега нема никаква позитивна реакција.

 

Џиковски: Вандалски напад на хотел Арка, сопствениците, персоналот и странски гости заложници на дваесетина лица

Џиковски: Вандалски напад на хотел Арка, сопствениците, персоналот и странски гости заложници на дваесетина лица

Posted by A1on Vesti on Thursday, August 23, 2018

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This