СНИМКИ ОД МЕСТОТО НА ПАДОТ: ТВ Нова на лице место на местото на падот на авионот!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Четворица италијански граѓани и двајца косовски државјани со патничкиот авион „пајпер“ денеска од Тревизо тргнале на пат за Приштина. На скопскиот аеродром авионот бил пријавен за полнење на гориво, а 4 минути пред слетувањето се изгубил од радарите.


Авионот беше најден во пламен во близина на селото Кожле.

Неофицијално, спасувачките екипи досега пронашле остатоци од едно јагленосано тело. Пронајдени биле и други предмети од паднатиот авион. Спасувачките екипи се на терен, а полицијата не дозволува пристап до местото на падот на авионот.

Јавното обвинителство презема дејствија за расветлување на авионската несреќа која попладнево се случи во близина на Скопје, соопштија доцна вечерва од Основното јавно обвинителство на РМ.

– По добиените сознанија, обвинителството во координација со надлежните институции презема мерки за утврдување на местото на несреќата, негово обезбедување и натамошно постапување. Истовремено се прибираат податоци и релевантни факти во насока на утврдување на причините за несреќата, се вели во соопштението.

Од Јавното обвинителство велат дека со подетални информации јавноста ќе биде дополнително запознаена.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This