СНИМKИТЕ НА „ЛА ВЕРИТА“ ДЕЛ ОД ДОКА3HИОТ МАТЕPИЈАЛ ЗА PЕKЕТ: Скоро четири часа Боки 13 ги гледаше доkазите против него

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Речиси 4 часа Бојан Јовановски или во јавноста познат како Боки 13 ги гледаше доказите кои Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција му ги става на товар за случајот „Рекет“.

По увидот неговиот адвокат, Сашо Дуковски, рече дека увидот ќе продолжи и следните денови.

Како што рече тој, според него, доказниот материјал не е обемен, ниту по квалитет ниту по квантитет. Тој потврди дека видео и аудио снимките кои ги виде јавноста, се дел од доказниот материјал.

-Има исказ на сведок, парични средства, тоа можам да го кажам затоа што цела Македонија и пола свет го виде – рече Дуковски.

На новинарско прашање дали и после увидот во доказите е уверен дека Јовановски е невин, Дуковски рече:

-Тешко мене ако по ова треба да формирам мислење, но некои работи се појасни и ќе настапуваме во тој правец – посочи тој.

Адвокатот додаде дека не видел искази на политичари, а дека на одбраната не и бил дозволен увид во записникот од сослушувањето на второосомничениот Зоран Милевски Кичеец.

-Не ни беше дозволен увид со образложение дека тоа можеме да го побараме од неговите бранители. Неразбирливо затоа што истрагата е веќе готова. Колку што знам тој се брани со молчење, но ме чуди зошто не можам да го видам тој исказ. Едно е сослушување на сведок, кое обвинителството е должно да ми го даде, а друго сосема различно е статусот на граѓанин од кого се собираат информации, тоа не ми е дадено. Не дека ќе ми помогне или одмогне но не ми е јасно зошто не можам да го видам записникот на соосомничениот – рече Дуковски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This