СОБРАНИЕТО ВО ПЕТОК ПРОДОЛЖУВА СО СЕДНИЦАТА ЗА УСТАВНИТЕ ИЗМЕНИ: Денес друга седница за закон за стечај, закон за пензиски фонт и закон за ДДВ

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Талат Џафери го закажа продолжението на пленарната расправа за уставните измени в петок, а за утре закажа друга седница.

Од парламентарното мнозинство велат дека има многу важни закони што треба да бидат донесени, како што е законот за стечај, предлог-одлука за  изменување на Одлуката за именување на претседатели, заменици на претседателите, членови и нивни заменици на комисиите на Собранието на Република Македонија; Предлог-одлука за дополнување на Одлуката за именување на претседател, потпретседател, членови и заменик-членови на Националниот совет за евроинтеграции; Предлог за именување на вицегувернери на Народната банка на Република Македонија; Предлог на закон за изменување на Законот за наставници во основните и средните училишта – I читање; Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за пензиското и инвалидското осигурување – I читање; Предлог на закон за изменување на Законот за данокот на додадена вредност – II читање; Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за реализација на инфраструктурни проекти за изградба на патна делница Миладиновци – Штип и патна делница Кичево – Охрид, по скратена постапка. Во петок се очекува да се пристапи кон гласање на владиниот предлог за пристапување кон измени на Уставот. Претходно, пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ се откажа од правото на дискусија и повикаа на гласање по предлогот на Владата за уставни измени.

Пратениците од ВМРО – ДПМНЕ и од коалицијата „За подобра Македонија“ соопштија дека се откажуваат од дебатата, нарекувајќи ја јалова, како и дека ќе гласаат против уставните измени. Воедно ги повикаа пратениците од владејачкото мнозинство да се откажат од настапите и да се пристапи кон гласање по владиниот предлог за измени на Уставот.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This