СОБРАНИЕТО В ПОНЕДЕЛНИК ЌЕ ГО РАСПИШЕ РЕФЕРЕНДУМОТ ЗА ИМЕТО

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во координација со пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, собраниската седница за распишување референдум нема да се закаже утре, туку в понеделник според извори од ДУИ, СДСМ и од ВМРО-ДПМНЕ. Седницата нема да се закаже поради тоа што е викенд. Од ДУИ ни рекоа дека приватните обврски на претседателот на Собранието Талат Џафери со семејната веселба завршуваат вечерва.


Џафери в понеделник ќе го распише ќе го закаже референдумот на 30 септември 2018 и до понеделник треба да се дефинира референдумското прашање. Физички средби меѓу претставници од ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ засега не се договорени за викендов, но ќе има консултации за составување на прашањето, велат од СДСМ.

Ако граѓаните излезат 50 отсто плус еден од вкупните избирачи со право на глас и од нив мнозинството гласаат „за“ на референдумот, тогаш името Република Северна Македонија поминува, Уставот ќе биде сменет со видоизменетото име на државата .

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This