April 24, 2024, 10:59 pm

Собранието ги одобри измените на Зaконот за зapaзни болecти

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Пратениците на денешната седница со 60 гласа „за” и 32 „воздржани” попладнево ја изгласаа потребата од донесување на измени на Законот за зaштита на населението од заpазни болести, по скратена постапка.

Сега по скратена постапка овие предложени законски измени ќе одат на матичната комисија за здравство и во законодавно-правната комисија, па потоа се враќа на пленарна седница. Измените предвидуваат лекување на пациенти болни од Ковид и во приватните болници и засилени инспекциски контроли.

Предлог законот на опозицијата овие измени да се дополнат со нивното барање за формирање на специјална комисија која ќе се справува со ковид кризата не се најде на дневен ред бидејќи собраниските служби немале време да го преведат на албански јазик, како што постојано барале опозициските партии на Албанците.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This