СОБРАНИЕТО КРИЕ ДЕКА ТАЛАТ БИЛ НА ПРОСЛАВА НА ПРИЗРЕНСКАТА ЛИГА: Командант Форина ја славеше идејата за Голема Албанија во Косово!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Талат Џафери кој нелегитимно беше поставен на позицијата претседател во македонското Собрание бил забележан прославата на Призренската Лига во Косово. Собраниските служби се обдиеле да го прикријат овој срамен чин, но неуспешно бидејќи косовските медиуми го фотографирале Џафери

Ако не беше доволно што во 2001 година тој дезертираше и го сврти оружјето кон сопствената држава, тој уште еднаш даде поддршка за албанскиот сепаратизам, но овој пат од позицијата на втор човек во државата, позиција на која го смести Зоран Заев.

Имено Призренската Лига е историски настан за Албанија, бидејќи токму таму за прв пат Албанците повикале на обединување на сите територии каде живеат Албанците во една држава.

Џафери присуствуваше на 140 годишнината од овој настан и покажа дека албанскиот сепаратизам во Македонија е се уште жив. Во изминатиов период во повеќе наврати албанските политичари на македонските телевизии имаат несмасни изјави, каде се најавува апокалипса доколку Македонија не го промени името и не влезе во ЕУ и НАТО.
Со тоа Албанците уште еднаш ја покажаа вистинската цел зошто сакаат нашата држава да стане дел од ЕУ и НАТО. Единствената цел за евроинтеграциите за Албанците е вековниот сон кој постои уште од Призренската Лига, сонот сите Албанци да живеаат во една држава.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This