СОБРАНИЕТО HEMA ДА СЕ PACПУШTИ: ВМРО-ДПМНЕ го згpeшилp името на државата?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Предлогот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ распуштањето да биде на 12 февруари, како што првично се залагаше Талат Џафери, но и штто беше договорено на лидерската средба кај претседателот Стево Пендаровски, нема да биде ставен на собраниска седница.

Според сознанија на „360 степени“ од Собранието, овој предлог, веројатно, ќе биде отфрлен како неуставен, затоа што е поднесен со старото име на државата, наместо со новото уставно име С Македонија.

Лидерот на најголемата опозициска партија најави можност за излегување од парламентот поради поместувањето на договорениот датум за распуштање на Собранието на 60 дена пред изборите на 12 април (12 февруари) и поместувањето на овој датум за 4 дена, што, спооред оваа партија преставува и кршење на Уставот.

„Навистина не ја гледам повеќе потребата од учество на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието. Во текот на денов ќе имаме Извршен комитет, ќе разговараме на оваа тема и јавноста ќе биде навреме информирана за следните чекори на ВМРО-ДПМНЕ“, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на новинарско прашање што ќе преземат со оглед дека не е прифатено нивното барање законодавниот дом да се распушти денеска.

Мицкоски порача дека не треба да се отстапува од постигнатиот политички договор за термините за распуштање на Собранието и за избори.

„Собранието треба да се распушти на 60 дена пред изборите закажани на 12 април. Поднесовме иницијатива за распуштање како пратеничка група и жестоко ќе се бориме тоа да се испочитува“, рече потспретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Алескандар Николовски синоќа во емисијата „Што не е јасно“ на Алфа.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This