April 26, 2024, 11:58 am

Собранието продолжи со работа и по 18 часот

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Собранието на РМ продолжи со работата по шестата седница и по 18 часот. На седницата не присуствуваат пратениците од владеачкото мнозинство, кои ја напуштија собраниската сала по излагањето на пратеникот Крсте Јовановски од ВМРО-ДПМНЕ.

Претходно претседателот на Собранието Талат Џафери прогласи пауза на попладневното продолжение на шестата седница на која се расправа за одлуката за давање согласност на општите акти на Народниот правобранител, и одржа координација со пратеничките групи во Собранието.

На почетокот на попладневното продолжение откако Зоран Илиоски од пратеничките групи на ВМРО-ДПМНЕ побара едночасовна пауза Џафери најави дека Собранието ќе продолжи со работа и по 18 часот, за толку време колку што пратениците бараат пауза.

По расправата што следеше по пазуата, Емил Димитриев од ВМРО-ДПМЕ најави поддршка за институцијата Народен правобранител од која, како што рече, има големи очекувања во делот на професионалното работење. Потребна е, смета Димитриев, максимална посветеност и професионалност во работењето на оваа институција, нејзина целосна финансиска поткрепа и комплетно пополнување со сите човечки ресурси.

– Би апелирал да направиме се и од аспект на финансиското работење и самата улога на првиот човек на институцијата да се издигне оваа институција на потребно ниво, бидејќи Народниот правобранител е институција којашто политичката, верската или кои било разлики во општеството не треба да ја тангират. Едноставно тоа треба да биде чадор кој подеднаково ќе се грижи за сите луѓе да ги уживаат правата и обврските утврдени со Уставот и законите, рече Димитриев.

Неговиот сопартиец Димитар Стевананџија потенцираше дека се согласува со ставот на омбдусманот Иџет Мемети оти изборот на Народниот правобранител треба се прави на потранспарентен начин, доколку, како што рече, сакаме да имаме професионалност и квалитет. Стевананџија воедно побара и да се отвори канцеларија на Народниот правобранител во Прилеп.

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This