April 26, 2024, 10:17 am

СОБРАНИСКАТА ГЛАСАЧКА МАШИНЕРИЈА ПУШТЕНА НА НАЈЈАКО: На прегласување 11 закони на кои претседателот Иванов не се потпиша

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателот на Собранието Талат Џафери за утре закаже две собраниски седници (93 и 94) на кои ќе се изгласуваат законите кои претседателот на државата Ѓорге Иванов не ги потпиша, пренесува Прессинг.

Ова значи дека власта има обезбедено 61 глас колку што се потребни за да се изгласаат вратените 11 закони. Ова денес го потврди и вицепремиерот Бујар Османи, кој одговарајќи на новинарско прашање рече дека Џафери ја закажал седницата уверен дека е обезбедено потребното мнозинство.

Според законските процедури, законите кои не се потпишани од претседателот на државата се враќаат повторно во Собранието, но иако во првата постапка за нивно изгласување било потребно двотретинско мнозинство, сега тие можат да поминат со просто мнозинство, односно со 61 глас.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This