СОВЕТНИКОТ НА ЗАЕВ, АГИТИРА НА ГЛАСАЧКИ МЕСТА ВО МАЏАРИ: Влатко Васиљ ги навредуваше жителите на Маџари, сега ги моли за глас пред гласачко место!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Советникот на премиерот Зоран Заев, Влатко Васиљ, кој е дел од владиниот тим задолжен за „комуникации со социјални медиуми и дигитална транспарентност“, денеска е забележан како партиски агитира на гласачко место во Маџари.

Според фотографиите кои се шират на социјалните мрежи и објавени од одредени медиуми, Васиљ може да се забележи на едно од гласачките места во оваа скопска населба како партиски агитира.

 

Инаку, токму Васиљ пред извесно време ги навредите сите жители на Маџари и општина Гази Баба. Откако граѓаните почнаа да собираат потписи против доселување на мигрантите во Гази Баба, Васиљ на Фејсбук напиша дека во Маџари човек стан на подарок не зема, а не па камп да се гради. Инаку Васиљ живее во оваа скопска населба.

-Па нема посмешно од паниката против камп за бегалци во Маџари. Во Маџари еј, па стан на поклон бе човек не зима, не камп да гради, напиша советникот на Заев.

 

На ова жестоко реагираат жителите на општината, но и лица од јавниот живот. Тие порачуваат дека советникот на Заев е срам за општината, дека не заслужува да зема плата од државната каса и да потценува граѓани.

Не е прв пат ова лице да навредува и омаловажува други. Сега кога Заев му додели удобно столче во Влада, тој продолжи жестоко да плука по граѓаните, овој пат по жителите на општина Гази Баба.

 

 

 

Новинарот Борјан јовановски, кој важи за близок до СДСМ јавно праша зошто Васиљ добива пари од буџет.

Однесувањето на советникот на Заев е скандалозно и срамно затоа што тој добива плата од џебот на граѓаните кои ги омаловажува.

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This