СОВЕТНИКОТ НА МЕРКЕЛ НА СРЕДБА СО МИЦКОСКИ: Јан Хекер и Мицкоски разговараа за состојбата во Македонија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, придружуван од Подпретседателот Александар Николовски и Тимчо Муцунски, оствари средба со Јан Хекер, Советник за надворешна политика на Канцеларот на СР Германија, Ангела Меркел.

Од ВМРО-ДПМНЕ соопштуваат дека на средбата Мицкоски најпрво му честитал на соговорникот за формирањето на новата коалиција во Германија и нагласил дека очекува да продолжи поддршката дадена од СР Германија за евроатланската интеграција на Република Македонија, во новиот мандат на Канцеларката Меркел.

-Мицкоски го информираше Хекер за политичка состојба во Македонија, посебно нагласувајќи ги политичките притисоци врз институциите и граѓаните од страна на партиите на власт. Мицкоски нагласи дека ВМРО-ДПМНЕ е политичка партија која како свои стратешки приоритети ги има евроатланските интеграции и ќе продолжи со своите капацитети да ги поддржува истите, се наведува во партиското соопштение.

3 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This