March 29, 2024, 12:56 pm

„СОВЕТНИКОТ“ НА ТРАМП ГО ФИНАНСИРАЛ ИНСТИТУТОТ ВО ВУХАН: Финансирал истражување кое е забpaнето во САД, етикетирано како „пpeопасно“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Д-р Ентони Фаучи, член на работната група за коронавирус, претходно ја финансирал контроверзната лабораторија во Вухан, Кина, која го проучува коронавирусот кај лилјаци, пренесува Њујорк Пост.

Националниот институт за алергија и заразни болести каде директорува Фаучи го финансирал Институтот за вирологија во Вухан со вкупно 7,4 милиони американски долари, лабараторија која е во фокусот на теориите за потеклото на КОВИД-19.

Националниот институт за здравство, кој го надгледува НИХ, престана со финансирањето на лабораторијата дури минатата недела.

„Во тоа време, инстутот не верува дека резултатите од тековниот проект се усогласени со програмските цели и приоритетите на агенцијата“, напиша заменик-директорот на агенцијата во реакцијата до „Политико“.

Се поголем број на членови администрацијата на Трамп веруваат дека лабораторијата Институт за вирологија Вухан е оригиналното место од каде потекнува вирусот. Во извештајот на „Фокс њуз“ се вели дека претставниците на амбасадата на САД во КИНА предупредувале уште во јануари 2018 година за несоодветното ниво на безбедност.

Фаучи и институтот застанаа во одбрана на финансирање на лабораторијата во изјава за Њусвик.

„Повеќето нови вируси кај човекот доаѓаат од животински свет и претставуваат значителна закана за јавното здравје и биосигурноста во САД и на глобално ниво“, се вели во соопштението.

„Научните истражувања покажуваат дека не постојат докази кои покажуваат дека вирусот е создаден во лабораторија“.

Фаучи се одлучил на ваквиот потег откако во 2015-та ваквото истражување и манипулирање со вируси во САД било забрането означено како преопасно.

Извор: Нујорк Пост

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This