April 25, 2024, 10:31 am

СОВЕТНИК ВО МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗЕМЈОДЕЛСТВО НАПРАВИЛ ТЕШКА СООБРАЌАЈКА: Демолирано службеното возило кое си го користел за приватни потреби!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

По турите до Солун и Охрид на МВР, сега функционерите на власта почнаа и да ги кршат службените возила, кои им се доверени за извршување на службени, но не и за приватни потреби.

Лицето Н.Б. (26) од Виница кој е ангажиран со договор во кабинетот на министерот за земјоделство, на 09.07.2018 година на регионалниот пат Виница- Берово, надвор од работно време направил сообраќајна незгода и го оштетил возилото на министерството.

Од фотографијата која што пристигна до нашата редакција се гледа дека возилото е видно оштетено и дека е причинета значителна материјална штета. По што се поставува прашањето- дали и кој ја покрил штетата.

Клучно во оваа ситуација е дали оваа случка е евидентирана во МВР и дали излегле од полицијата на терен. со што би се утврдил виновникот, а со цел надомест на настаната штета.

Дополнително од целата ситуација произлегува и дилемата кој го испратил надвор од работно време и за која цел службеникот, дали имал патен налог и кој му го потпишал истиот? Доколку немал патен налог, кој му дозволил да го управува возилото.

Ова е трет скандал со службено возило- претходните два беа откако сега поранешниот директор на БЈБ, Лазе Велковскси ја испрати ќерката на одмор во Грција со службеното возило и случајот со Примислав Димовски, командант на единицата „Алфа“ кој како што објавија медиумите надвор од работно време и за приватни потреби со службеното возило патувал за Охрид.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This