Советник на 3aeв: HATO да peaгира по изjaвaта на Kapaкачанов

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

„Изјавата на Каракачанов е сериозна, но и апсурдна. Бидејќи изјавата доаѓа кога и тие и ние сме членки на НАТО, има некои правила меѓу сојузниците кога вакви изјави не се прифатливи“, вели претседателот на Евроатланскиот совет на Македонија, Исмет Рамадани.

Тој ја осуди изјавата на бугарскиот министер за одбрана Красимир Каракачанов, кој се закани дека ќе го испрател бугарски полк да ги демонтира спомениците во Македонија.

„Очекувам да реагираат и од седиштето на НАТО, па дури и генералниот секретар.

Би требало да има реакција затоа што ако упатиш ваква закана кон земја сојузник тоа веќе ги надминува сите граници на однесување помеѓу членките на НАТО“, рече Рамадани на Канал 5.

Претходно министерката за Одбрана Радмила Шекеринска во врска со изјавата на бугарскиот колега Каракачанов рече дека поминало веремето кога такви изјави некој ги сфаќал сериозно.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This