СОВЕТОТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ МОЖЕ ДА РАСПРАВА ЗА ДОГОВОРОТ ОД ПРЕСПА: Светски експерти велат дека договорот не е во соогласност со меѓународното право

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

„Нова Македонија“ направи пресек на најчесто поставуваните прашања во домашната јавност по потпишувањето на договорот од Преспа. За одредени теми и прашања има совпаѓања со оние што се поставуваат и во грчката јавност, но перспективата и последиците врз македонската страна се, секако, различни и имаат многу поголема тежина, со оглед на отстапките што ги направи Република Македонија.

Едно од клучните прашања е дали договорот е во согласност со меѓународното право, во врска со отстапките што ги прави Македонија?

– Во самата преамбула, договорот се повикува на начелата и целите на Повелбата на Обединетите нации, Завршниот документ од Хелсинки од 1975 г., релевантните акти на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) и вредностите и начелата на Советот на Европа, и се води од духот и начелата на демократијата, почитувањето на човековите права и основни, слободи и достоинство… Но меѓународните експерти, како професорот од Шпанија, Карлос Флорес Хубериас оценува дека „Преспанскиот договор е, како прво, олицетворение на едно предавство на основните начела на меѓународното право и како второ, сосема празно ветување без никакви гаранции. Во првиот случај, бидејќи значи давање право на една земја – Грција – да се меша во внатрешните прашања на друга земја – Македонија – оставајќи ги на тој начин на милост на еден билатерален договор прашањата околу името, идентитетот на народот па дури и јазикот, определби што ниедна слободна земја не би требало да дозволува да бидат одлучувани од некој однадвор, туку само од своите граѓани“.

Друго прашање од интерес за граѓаните е дали може да се оспори договорот од Преспа од некоја од постојаните членки на Советот за безбедност при Обединетите нации?

– Иако едно од толкувањата на договорот од Преспа е дека од Советот за безбедност и од генералниот секретар на ОН само се бара да го потврдат неговото стапување во сила, сепак секогаш останува отворена можноста постојаните земји-членки во Советот за безбедност при ОН (а и некоја од мандатните членки) да отворат и дискусија за некое прашање или договор што треба да го разгледаат. Постојани членки на Советот за безбедност на ОН се : Велика Британија, Кина, Русија, САД и Франција. Од Русија, во неколку наврати и од највисокото ниво доаѓаа изјави дека „ќе имаат што да кажат“ за договорот од Преспа на Советот за безбедност на ОН. Во таа насока и идните потези и мерки на Русија и на Народна Република Кина, држави што се членки на Советот на безбедност и нѐ признале под уставното име, остануваат енигма. Од друга страна, САД, кои исто така нѐ имаат признаено под уставното име, како Република Македонија, подоцна застанаа со целосна поддршка за договорот од Преспа, пишува Нова Македонија.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This