Советот на Амбасадори го повикува претседателот Пендаровски да не ги потпише указите за кандидатите за амбасадори во предизборниот период

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Извршниот Одбор на Здружението за надворешна и меѓународна политика СОВЕТ НА АМБАСАДОРИ со голема загриженост следи извесни практични владини постапки во спроведувањето на надворешната политика на Република Македонија. Имено, спротивно на нејзините прокламирани принципи за незлоупотреба на собранискиот процедура на донесување на закони „по итна постапка или скратена постапка„ на само два дена пред распуштањето на Собранието се наметнува обид за злоупотребa на тоа процедура со цел да се усвојaт закони кои во суштина би требало да ги спроведе идннатата влада после парламентарните избори. И тоа е за нас голема штета од повеќе аспекти.

Имено, добро се познати ситуациите кои налагаат донесување на одредени нови закони или дополнувања на постоечките и кои согласно Деловникот за работата на Собранието се донесуваат по итна постапка.

Според кажаното јасно се гледа дека Предлогот за изменување и дополнување на Законот за надворешни работи од група пратеници кој треба да се расправа на седница на Комисијата за надворешни работи и на седница на Собранието на Република Македонија е предлог по итна и скратена постапка a не исполнува ниеден услов ниту од скратена а најмалку од итна постапка.

Извршниот одбор на „Совет на Амбасадори„ смета дека пратениците предлагачи на Предлог измените на Законот за надворешни односи ја манипулираат јавноста со нивното образложение дека се работи за закон кој не е сложен и дека членот 30 од ЗНР кој е на сила условува да кандидат за амбасадор има само македонско државјанство „… го ограничува Уставното право на секој граѓанин да учествува во вршење на јавни функции…„

По однос на горенаведеното „Совет на Амбасадори„ се прашува што е судбината на Предлог Законот за надворешни работи предложен од страна на МНР и сега се наоѓа на Собраниска процедура ? Дали со усвојување на предлогот за изменување и дополнување на ЗНР од страна на група пратеници, ќе престане потребата за донесување на нов, „модерен и европски„ ЗНР како што актуелниуот министер за надворешни го претстави пред јавноста?

Извршниот Одбор на Советот на Амбасадори смета дека сегашната законска регулатива не ускратува ничие право да биде назначен амбасадор. Напротив, лицата државјани на татковината и државата Република Македонија кои имаат такви амбиции за претставување на нивнта Татковина и држава во странство во надворешните и меѓународните односи од патриотски и етички причини на лојалност и љубов кон Татковината и државата би требало да се откажат или на соодветен начин го ,,замрзнат,, второто државјанство во согласност со член 4 од Уставот каде децидно е прецизирано дека „ граѓаните на Република Македонија имаат државјанство на Македонија„.

Целта на ова итност и скратеност, пратениците-прадлагачи не ја кријат туку ја афирмираат во став 2 од Предлогот, под „цели, начела и основни прашања„ каде стои дека „…со донесувањето на овој Предлог на закон ќе се овозможи согласно со Уставот на Република Македонија, за амбасадори на Република Македонија да можат да бидат именувани лица кои ќе ги исполнуваат условите предвидени во овој закон„.

Јавноста веќе преку медиумите е запозната дека сета оваа „амбасадорска узбуна„ се прави да се исполнат желбите на неколку кандидати за амбасадори зад кои стојат одредени политичките елити кои силно ги поддржуваат.

Извршниот Одбор на „Совет на Амбасадори„ го повикува претседателот на државата г-дин Стево Пендаровски во согласност со неговите уставни надлежности, да не ги потпише указите за кандидатите за амбасадори во предизборниот период и особено за оние личности за кои во јавноста се пласирани информации на финансиски и други злоупотреби се додека од правна гледна точка проблемите не се расчистат.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This