April 25, 2024, 10:19 am

СОВЕТ НА БРИЖИТ МАКРОН:Кога не знаете што да облечете, сетете се на овој трик!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Не го менувајте она што проверено добро ви стои

Првата дама на Франција Брижит Макрон и нејзиниот сопруг, францускиот претседател Емануел Макрон, организирале божиќна забава за децата на работниците од Јелисејската палата. По дружењето со децата, брачниот пар им поделил соодветни подароци.

Првата дама стигнала на забавата во многу едноставна модна комбинација која за неа станала еден вид „униформа“.

Во повеќето службени прилики за кои е соодветен деловен, но не премногу формален стајлинг, Брижит ја облекува истата комбинација: панталони, бела кошула или маица и сако.
Најчесто се работи за парчиња со ист крој, тесни панталони и сакоа со војнички крој, а по потреба ги менува чевлите кои варираат од класични салонки до чизми до глуждови.
Одлична идеја е тоа да се има една комбинација на која секогаш ќе ѝ бидете верни во деловни ситуации, особено ако сте неодлучни и тешко ви е да одберете облека. На тој начин нема да морате да размислувате премногу за тоа што ќе облечете и во секој момент ќе бидете подготвени за излегување.

Изгледа дека токму тоа е трикот благодарение на кој француската прва дама секогаш изгледа беспрекорно.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This