СОВЕТ НА ДЕНОТ: Достоевски ја знаел тајната-Само вака ќе победите во животот!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Достоевски уште одамна објаснил како секогаш да победувате во животот

Прочитајте ги мудрите мисли на познатиот писател Достоевски кои ќе ви ги отворат очите…

„Кога размислуваме, понекогаш се двоумиме, особено кога гледаме некаков човечки грев, па се прашуваме: Треба ли да се победува со сила или смирено со љубов?

Секогаш одлучувајте да победувате смирено со љубов.

Ако еднаш донесете таква одлука, ќе може да го покорите цел свет.

Смирената љубов е голема сила, најсилна од сите, ѝ нема рамна во светот! Секој ден и час, во секој момент, надгледувајте се себеси, обидете се да изгледате благо и смирено.

Ете, сте поминале покрај мало дете, сте поминале лути, со грди зборови во мислите и разјадена душа. Можеби не сте ни го забележале детето, но тоа ве видело вас и вашиот намуртен, зо л лик можеби останало во неговото незаштитено сеќавање.

Вие тоа не го знаете, меѓутоа, можеби со тоа сте насадиле лошо семе во неговата душа, а тоа семе можеби ќе порасне. Сè тоа затоа што не сте се воздржале пред детето, бидејќи не сте негувале внимателна и грижлива љубов во себе.

Браќа, не пла шете се од човечките гревови, сакајте ги луѓето и кога грешат, бидејќи оној кој го сака грешниот човек, тој е слика на божествената љубов и нема поголема љубов од таа на земјата.

Сакајте го секое Божјо творештво, секое камче. Секое ливче, секој сончев зрак. Сакајте ги животните, билките, сакајте сè што постои. Ако сакате, ќе ја разберете Божјата тајна.

А еднаш кога ќе ја разберете, неуморно ќе почнете да ја сознавате сè повеќе, секојдневно и на крајот целиот свет ќе го засакате со целосна и универзална љубов.

Сакајте ги животните. Ним Бог им дал чиста мисла и тивка радост. Немојте да им ја нарушувате, не ги мал третирајте, не им ја одземајте радоста, не им се противете на Божјите мисли.

Не се занесувајте, не мислете дека сте подобри од животните. Тие се безгрешни, а вие, со вашето величество, само ја расипувате земјата со вашата појава, ги оставате вашите расипани траги по неа.

Особено сакајте ги децата, бидејќи тие се безгрешни како ангели и живеат за да не разнежат и усреќат. Тие живеат за да ги прочистат нашите срца и ни служат како патоказ. Тешко на оној кој ќе навреди дете…“

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This