March 29, 2024, 11:28 am

Совет на Европа: Наставата по историјата е неопходна за зајакнување на заедничките вредности и развивање на kpитичко читање на минатото

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Комисијата за култура, наука, образование и медиуми, на Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ), која се состана денеска на хибрдиен начин во Стразбур, ја истакна важноста на наставата по историја за зајакнување на заедничките вредности и помагање на младите луѓе да развијат нијансирано разбирање и критичко читање на минатото, јави дописникот на МИА.
Во овој поглед, комитетот го поздрави воспоставувањето на проширен парцијален договор за Опсерваторијата за настава по историја во Европа на 12 ноември 2020 година од страна на Комитетот на министри, чија цел е да се развијат редовни извештаи за тоа како се учи историјата во земјите – членки учеснички, со објавување на тематски извештаи и организирање на годишни настани.
Со усвојување на извештајот на Бертран Бујкс (Франција, АЛДЕ), комитетот ги охрабри земјите -членки да се придржуваат кон овој нов инструмент (17 пристапи до денес Албанија, Андора, Ерменија, Кипар, Шпанија, Руска Федерација, Франција, Грузија, Грција, Ирска, Луксембург, Северна Македонија, Малта, Португалија, Србија, Словенија и Турција), така што експертите, политичарите и образовните професионалци во историјата целосно да ја искористат оваа платформа за размена на знаење.
Комисијата ги повика државите да ги прегледаат своите образовни политики, со цел вклучување на водечките принципи на Советот на Европа за настава по историја и нејзината референтна рамка на компетенции за култура на демократија.
Исто така, комисијата на ПССЕ препорача Комитетот на министри на Советот на Европа да развие соработка со ЕУ и УНЕСКО во рамките на активностите на Опсерваторијата и да обезбеди доволно финансирање за активностите на Одделот за образование на Советот на Европа, за да гарантира синергија со Опсерваторијата и одржливост на меѓувладината програма.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This