Совет на експерт: Колку често треба да ги переме пижамите?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Експертот за хигиена Лиса Акерли за Metro го открива одговорот на ова прашање. Со оглед на тоа што во текот на ноќта се потиме и на тој начин ги отстрануваме мртвите клетки од кожата, пижамите стануваат идеално живеалиште за размножување на бактерии и собирање на вагинални течности, урина и други телесни излачувања.

Колку често треба да ги переме пижамите?

„Одговорот на ова прашање зависи од бројни фактори и степени на вашата лична хигиена. Внатрешниот дел од пижамите е во допир со кожата и можете да го гледате како долна облека. Но, ако се туширате или капете пред да си легнете вашата пижама нема да биде толку валкана тако што може да ја носите неколку дена. Во случај да сте болни, имате грозница или грип, секојдневно треба да ги менувате. Истото важи и ако ја носите пижамата цел ден, наместо гардероба“, вели Лиса.

Досегашните статистики покажуваат дека просечната должина на времето во кое жените ги носат пижамите е 17 дена, а мажите ја перат по 13 дена користење. Во истражување во кое учествувале 2.500 жени скоро половина од нив изјавиле дека главна причина за неменувањето на пижамите е што често забораваат колку дена ја носат.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This