СОВРШЕН НАЧИН ДА ГИ СТОПЛАТ CPЦAТA НА СВОИТЕ ГОСТИ: Хотел им дава бездомни кучиња на гостите да ги чуваат во текот на престојот

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Патувањето и спиењето во хотели може да биде ocaмeнo и здодевно за оние што постојано го прават тоа. Еден хотел во Мисисипи, САД, открил совршен начин да ги стопли cpцaта на своите ocaмeни гости.

„Хоме ту Суитс бај Хилтон Билокси Норт/Дибервил“ е хотел кој има програма за грижа за миленици. Програмата постои од октомври 2018. Хотелот носи кучиња згрижени од засолништето „Хјумен сосајети оф Саут Мисисипи“ во лобито на хотелот и им дава на гостите можност да се грижат за миленик во својата соба додека се сместени во хотелот. Гостите може и да ги земат милениците со себе доколку навистина им се допаднат.

Засолништето за кучиња зема околу 8.000 кучиња годишно, а околу 80% од нив се посвоени од страна на жители. Со оваа програма се зголемуваат шансите за посвојување на кучињата и се ослободува место во засолништето.

Оваа идеја била на Тереса Џонстон, одговорно лицe за продажба во хотелот. По оваа програма хотелот се издвојува од другите. Освен тоа, на тој начин им се помага на кучињата.

Доколку еден гостин во хотелот сака да посвои куче преку програмата, треба само да пополни апликација и да плати сума од 50 долари за посвојување. Сепак, хотелот го задржува правото да oдбиe гостин. Досега 33 гости посвоиле куче преку програмата.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This