СОЖИВОТ, САМО КОГА ТРЕБА ДА СЕ ПОЧИТУВА МАЛЦИНСТВОТО: Талат Џафери одби да ја прекине седницата по повод христијанскиот празник Св.Петар и Павле!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

По повод христијанскиот празник Св. Петар и Павле, Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ побара од Талат Џафери да ја прекине денешната седницата во Собранието на Република Македонија со образложение дека досега, секој пат кога имало вакви празници се имало разбирање и воспоставен принцип седниците да не траат до доцните вечерни часови.

 

Овој предлог на Илија Димовски за прекин на седницата поради големиот празник, Талат Џафери веднаш го одби. На таквиот однос на Талат Џафери повторно реагираше Илија Димовски и посочи дека ова е воспоставена пракса во Собранието и дека седниците на Собранието се прекинувале и за време на празникот Рамазан.

Со овој потег, Талат Џафери демонстрира огромно непочитување на христијанскиот празник Св. Петар и Павле, но и покажува голема доза на непочитување кон колегите пратеници кои го прославуваат овој голем христијански празник.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This