April 25, 2024, 11:19 am

СОКОЛИТЕ ОДАТ НА ПОБЕДА:Игокеа е вистински тест и предизвик

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Екипата на Карпош Соколи во рамките од второто коло во дебитантската сезона во АБА лигата ќе го одигра првиот домашен натпревар против босанскиот претставник Игокеа.  Сите во таборот на Соколи ја посакуваат првата победа  Таа е долга но сепак, секој домашен триумф многу ќе значи за зацртаната цел.

 

karpos-sokoli-520x293

Српскиот стратег на клупата на Карпош Соколи, Синиша Матиќ има само пофални зборови за противникот, но верува дека неговите играчи се подготовени да ја израдуваат скопската публика и заедно да се радуваат на првиот триумф.

– За нас ова е историски натпревар затоа што играме на домашен терен. Нашето претставување на гости кај Крка не беше адекватно за нашиот квалитет. Бевме преимпресионирани на стартот на АБА-лигата, но ги анализиравме нашите грешки и се подготвивме добро за Игокеа. Тие се во некоја слична ситуација како и нас, загубија во првото коло. Плус, имаа уште два официјални меча оваа сезона во квалификациите за ЛШ каде беа елиминирани. Секој тренинг за нас е важен, се комплетиравме пред стартот на АБА и се надевам дека на овој натпревар ќе се покажеме во вистинско светло и дека ќе покажеме карактер. Ние сме екипа што има што да покаже во АБА, има 26 кола, секој меч за нас како дебитанти на некој начин е квалификациски. Цел е да останеме во лигата, секој меч на домашен терен е шанса за победа. Имаме искусен тим, но ќе треба некое време да профункционираме на нивото на коешто сакаме. Игокеа за нас е многу важна, затоа што во четири меча имаме три гостувања, а домашен дуел е против Партизан. Ќе дадеме се од себе да забележиме победа – изјави Матиќ.

Натпреварот меѓу Карпош Соколи и Игокеа се игра утревечер од 20.00 часот во ВИП арената на СЦ „Борис Трајковски“, а билетите се веќе пуштени во продажба и чинат 100 денари.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This