СОКОЛИ СО ТРИУМФ НАД ФЕНИ: Победа за Карпош Соколи во БИБЛ лигата

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Кошаркарите на Карпош Соколи вечерва ја постигнаа петтата победа во БИБЛ лигата откако вечерва во дуел од 10.коло од Б групата ја совладаа екипата на Фени Индустри со 79:63 (16:13; 22:25; 20:11 и 21:14).

karpossokoli
На полувреме резултатот беше нерешен 38:38, а во вториот дел домашната екипа беше подобра. Бојан Трајковски од Карпош Соколи со 25 поени беше најефикасен на натпреварот.

На вториот натпревар од оваа група одигран денеска Пеќ ја победи Тирана со 96:72.

Табела Б група: Пеќ 7-3 (победи-порази), Фени Индустри 6-4, Карпош Соколи 5-5,Сутјеска 5-4, Трепча 4-5, Тирана 3-7.
Последниот натпревар од првата фаза од БИБЛ лигата се игра утре меѓу Сутјеска и Трепча.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This