April 26, 2024, 11:03 pm

СОКОЛ ОСТАНА БЕЗ ПАСОШ: Судот му го одзема пасошот на Сокол Митревски, екс-градоначалникот на Ѓорче Петров

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Судот им одреди мерки на претпазливост на поранешниот градоначалник на Ѓорче Петров Сокол Митревски и на петмина соработници вработени во Општината осомничени за злоупотреба на службената положба при продажба на општинско земјиште, објавува Република.мк.

Кривичниот суд вчера ги прифатил предлозите на Основното јавно обвинителство и на шестемина осомничени им одредил мерка забрана да го напуштат местото на живеалиште, односно Скопје, одземање на патната исправа и обврска еднаш неделно да се јавуваат во суд.

Основното јавно обвинителство товари вкупно девет лица за злоупотреба на службената положба и несовесно работење во службата. Лицата се осомничени дека во 2014 година постапиле незаконски при одлучувањето во постапки за поднесени барања за утврдување на правен статус на бесправни објекти, со што нанеле штета во висина од 4.100.090 денари.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This