Соларна точка со големина на Марс се врти кон Земјата

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Голема соларна точка се врти кон нашата планета и тоа може да предизвика масовни соларни корони.

Соларната точка со име АР2770 е откриена пред неколку дена и се очекува да порасне во големина во текот на овие неколку недели.

од НАСА изјавуваат дека неколку помали соларни испалувања веке се исфрлени од сончевата точка која е насочена спрема Земјата.Овие феномени предизвикале „мали бранови на ионизација да се одбиваат во атмосверата на Земјата, но сеуште немаат ефект на електричните уреди.

Според Space.com, сончеви точки се темни точки на Сонцето што се драстично поладни од остатокот од ѕвездата.Тие се формираат како резултат на магнетното поле на Сонцето.Интензивните магнетни активности доведуваат до ослободување на огромни количества енергија што еруптираат во форма на соларни испалувања или бури познати како масивни коронални исфрлања.

Иако целиот механизам сеуште не е доволно истражен, овие точки настануваат во фотосверата на Сонцето и можат да бидат големи – до 50,000 километри во дијаметар. Бели соларни испалуваша се огромни експлозии на површината на Сонцето, а масифните коронални исфрлања се вид на „меур од плазма“ што ги исфрла Сонцето.

Слика од АР2770 што може да се види дава увид во феноменот.Таа беше фотографирана од аматерскиот астроном Мартин Вајс од Флорида. Големината на „главното црно јадро“ е скоро широко колку Марс и има неколку помали точки на површината што личат на кратери слични како тие на Месечината.

Со растот на точката и нејзината насока кон Земјата, испалувањата можат да пораснат во големина и да влијаат на електричните операции и објекти.

Според Националната Океанска и Атмосферска Администрација(НОАА), јаките соларни бури можат да предизвикаат флуктуации на електрични струи во вселената и да ги енергизираат електроните и протоните во магнетното поле на Земјата.Овие настани може да влијаат на радио комуникацијата, глобалните системи за позиционирање,сателитите и мрежите за напојување со електрична енергија.

 

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This