April 25, 2024, 10:02 am

СОЛЗА ГРЧЕВА: Церемонијата околу нобеловата номинација е фарса и виц

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

За мене целата церемонија околу нобеловата номинација е фарса и виц, смета претседателката на Глас за Македонија, Солза Грчева.

Според неа ,„жената – нобеловка која го донесе предлогот за номинација на Заев за кандидат за Нобелова награда, не знае воопшто каде дошла ишто точно се случува“.

-Вие потпишувате капитулација за Македонија по секоја основа, немате ниту една гаранција дека некаде ќе не воведете, и дали тоа е чин за Нобелова награда?! Не, туку е чин за предавство. Оваа награда, меѓу другото е најнесериозната награда, ако ги видите номинациите, ќе видите дека биографиите на кандидатите во изминатите години не се сјајни кај голем број кандидати. Затоа овае политичка награда. А знаејќи дека на Европа и тежеше овој проблем ништо не ме чуди. Од друга страна ако се види кој беше на прес конференцијата на промовирање на номинацијата, тоа се сомнителни ликови, а жената-нобеловка не ни знае каде дошла. Таа смета дека решаваме спор, а ние всушност никогаш немавме спор- само притисок од Грција, вели Грчева  во емисијата Отворено на Алфа со Љупчо Цветановски.

Таа вели дека нема да се изненади ако Заев биде претседателски кандидат и ги извади сите џебни вета на Иванов за да ги аминува сите спорни закони.

-Не ме чуди тоа што излезе на Викиликс за Димитров, тој е многу добро позната фигура, и не е нешто што не се видело водруги земји. Луѓе кои доаѓаат на функции во вакви мали земји како нашата неможе а да не поминале разно-разни обуки, учења, надвор во странство- за водаден момент да одработи кога треба. Тоа се случи и во случајот со Димитровнаспроти ставовите на неговите родители, вели Грчева.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This