Солскјер: Санчез е како кечап во шише, не може да излезе, а потоа нагло доаѓа во големи количини

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Тренерот на Манчестер јунајтед, Оле Гунар Солскјер, му се обрати на напаѓачот Алексис Санчез. Тој истакна дека го смета за добар и талентиран фудбалер.

– Сметам дека тој е многу добар играч. Многу е талентиран, но, се разбира, има толку многу работи што може да се поправат. Го виде тоа во натпревар со Фулам, кога доби шанса. Беше активен, ја зема топката и ја искористи сета своја енергија. Ако успеа да постигне голови на следните средби, тогаш сигурен сум дека ќе ја врати самодовербата.

Тоа е како кечап во шише што не може да излезе надвор, а потоа нагло почнува да доаѓа во многу големи количини, изјави Солскјер.

Оваа сезона, Санчез играше на 19 натпревари за Манчестер јунајтед, постигна два гола и оствари четири асистенции.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This