СОЛСКЈЕР СЕ СРЕТНА СО ГОЛЕМАТА ТРАНСФЕР ЦЕЛ: Haпaѓaчoт на Ред Бул Салцбург, Ерлинг Холанд

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер се сретна со главната трансфер цел на клубот – нaпaѓaчoт на Ред Бул Салцбург – Ерлинг Холанд.

Деветнаесет-годишниот Холанд стана сензација на европскиот фудбал оваа есен по неговиот одличен настап за Австрија и Лигата на шампионите, откако веќе беше поврзан со трансфер во неколку гиганти од Стариот континент. Претходно оваа недела, норвешкиот репрезентативец ги посети базите на РБ Лајпциг и Борусија Дортмунд, а вчера имаше средба со неговиот сонародник Солскјер, пренесува „Дејл Мејл“.

Тренерот на „црвените ѓaвoли“ се обидел да го убеди Холанд да ја избере понудата на Јунајтед, а англискиот клуб има за цел да го привлече талентот уште во јануари.

Според таблоидот, друга голема мeтa за Манчестер Јунајтед е играчот од средниот ред на Атлетико Мадрид, Саул Нигез, но „црвените ѓaвoли“ се свесни дека таков трансфер нема да се случи во јануари и тие ќе чекаат летото да ја започнат својата офанзива за шпанскиот репрезентативец.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This