СОМНИТЕЛЕН ПАКЕТ ИСПРАТЕН И ДО РОБЕРТ ДЕ НИРО

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Сомнителен пакет сличен на оние што се испратени во Си-Ен-Ен и до високи демократски функционери стигнал и на адресата на ресторанот во Њујорк, што е во сопственост на легендарниот актер Роберт де Ниро.

Повикувајќи се на извори од полицијата, Ен-Би-Си објави дека експлозивна направа била испратена во ресторанот „Трајбека грил“ денеска во утрински часови по локално време, кој притоа бил евакуиран.

Ако биде поврзана со претходните направи, тоа ќе биде осма писмо бомба испратена до жестоки критичари на Доналд Трамп, кој ги осуди заканите. Де Ниро често јавно го навредуваше Трамп и во една прилика го нарече „национална катастрофа“.

Почнувајќи од милијардерот Џорџ Сорос во понеделникот, експлозивни направи беа пронајдени на локации во Њујорк, Вашингтон и Флорида, при што, меѓу другите, биле адресирани на Барак Обама, Хилари Клинтон и поранешниот шеф на ЦИА, Џон Бренан.

Полицијата смета дека тие се испратени од исто лице, додавајќи дека никој не е повреден.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This