СОНК ЌЕ ШТPАЈKУВА, МИНИСТЕРОТ АДЕМИ ВЕЛИ ДЕЦАТА ДА ДОЈДАТ ВО ШКОЛО: Штр ајкот ќе трае само тој ден. Во вторник ќе почнат да држат настава

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Наставниците ќе штр ајкуваат во понеделник. Ќе дојдат на работа, но нема да држат настава и да примаат ученици. Штр ајкот ќе трае само тој ден. Во вторник ќе почнат да држат настава – велат од Синдикатот за образование наука и кулутра. Доколку до крајот на септември пак не се договорат со МОН за висината на накачувањето на платите, тогаш велат ќе размислуваат и за генерален шт рајк.

Барањата на СОНК се да добијат 25 насто покачување на платите, бидејќи како што посочуваат, платите на просветните работници во моментов се далеку испод националниот просек.

– „Ако и во периодот што следи септември ако не најдеме заемно прифатливо решение во однос на нашите барања на почетокот на октомври ние ќе донесеме одлука што понатаму. Значи не се откажуваме од нашите барања за зголемување на платите на просветните работници на сите нивоа“ – Јаким Неделков – Претседател на СОНК.

И додека наставниците остануваат на ставот дека нема да држат настава, Министерот за образование ги повика учениците да дојдат во училиштата на првиот училишен ден. Адеми вели дека нема потреба ниту за предупредувачки штрајк, бидејќи тврди дека ќе има следно покачување на платите на просветните работници, но засега нема конкретен одговор кога и за колку ќе биде следното накачување…

– „Јас апелирам до сите училишта, до раководството на сите училушта из целата територија на РСМ да се организираат на најдобар можен начин, бидејќи овие наши деца започнуваат нова етапа во нивниот живот и треба да бидат пречекани на најдобар можан начин, да не се заплашат кога ќе одат на училуште туку да одат со љубов на училиште, но исто така сме свесни дека било која мерка реформа да ја одобриме во рамки на МОН, Владата или Собранието нема да заживее ако немаме поддршка од наставниците“ – Арбер Адеми – Министер за образование и наука.

Штрајкот на СОНК денеска поддршка доби и од конфедерацијата на самостојни синдикати на Македонија, од каде порачаа дека просветните работници заслужуваат многу повеќе, а моментално се понижени со своите лични примања кои се најниски во споредба со земјите од регионот.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This