„СОНЦЕПЕК“ ЌЕ ЈА ЧУВА ЗАПАДНАТА ГРАНИЦА НА РУСИЈА: Западниот округ на руската армија ќе го добие еден од најмоќните ракетни системи!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Единиците за атомско-биолошко-хемиска одбрана ќе добијат 20 тешки ракетни фрлачи ТОС-А1 „Сонцепјок“. Во текот на модернизацијата на ТОС-1А е монтиран современ мотор и динамичка заштита. Тешкиот ракетен фрлач доби нов лансер, а помошното возило за полнење на овој систем е опремено со современи механизми, соопшти ЗВО.

Ракетно-артилериските единици ќе добијат дваесетина модернизирани системи за плотунска стрелба „Торнадо-Г“ и „Ураган“, самоодни хаубици „Гвоздика“ и нови МСТА-СМ.

Руската војска на западната граница добива 115 повеќенаменски возила. Покрај познатите воени камиони ГАЗ, КамАЗ и „Урал“, ќе има и нови пикап возила УАЗ-3163 „Патриот“.

Оваа година Западниот воен округ доби преку 2000 единици ново модернизирано оружје и воена техника.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This