Сончево, со температура до 22 степени

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Времето денеска ќе биде сончево со мала облачност, а по одделни котлини се очекува појава на утринска магла. Ќе дува слаб претежно југоисточен ветер. Температурите ќе се движат во интервалот од 0 до 22 степена. Во Скопје слично време со температура до 19 степени.

Под влијание на антициклон, и во наредниот период во државава времето ќе биде стабилно, суво и натпросечно топло преку денот додека наутро ќе биде студено и со појава на магла и на ниска облачност по одделни котлини, информира метеорологот Славчо Попоски.

Минималните температури на воздухот ќе се спуштаат во интервалот од -3 до 5 степени додека максималните дневни ќе се искачуваат во интервалот од 14 до 20 степени.

Со ова веќе се потврдуваат и месечните прогнози за месец ноември во кои се укажа дека пред нас е сушен и натпросечно топол ноември, и ваквите неповолни временски услови многу ло шо ќе се одразат врз земјоделието.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This