Сончево со умерена облачност и магла во котлините

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во Скопје магливо со максималната температура до 4 степени.

По котлините и долж Повардарието денеска ќе биде магливо и со ниска облачност, а во останатите делови сончево со мала до умерена облачност. Во југоисточните делови ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Максималната температура ќе биде во интервал од 0 до 9 степени.

Во Скопје магливо со максималната температура до 4 степени.

Утрово најниска температура од -8 степени е измерена во Берово, -7 во Маврови Анови, -5 во Прилеп, Крива Паланка и Виница, -4 во Тетово, Битола, Штип, Струмица, Претор и Дебар, -3 во Охрид, Куманово, Гевгелија и Лазарополе, -2 во Скопје и Крушево, -1 во Демир Капија и 1 степен во Дојран.

Снежната покривка во Маврови Анови утрово изнесуваше 13 сантиметри, а во Крушево и Попова Шапка по пет сантиметри.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This