СООБРАЌАЈКА ВО БЛИЗИНА НА АРАЧИНОВО: Прегазен пешак починал на лице место во скопско Арачиново!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Од МВР соопштуваат дека вчера на скопската обиколница, во непосредна близина на надвозник за село Арачиново, се случила сообраќајна незгода во која непознато лице управувајќи возило удрило во пешак коj починал на самото место, по што лицето со возилото го напуштило местото на настанот.

Од екипа при Итна медицинска помош констатирана е смрт.

Увид на местото на несреќата извршиле јавен обвинител и екипа од СВР-Скопје.

По наредба на јавен обвинител телото на починатиот е пренесено во Институтот за судска медицина за обдукција.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на возачот и возилото.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This