- Advertisement -
На булевар „Илинден“ во Скопје, вчера во 10,42 часот се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „Шкода“ управувано од В.В.(49) и патничко моторно возило „Рено Меган“ со скопски регистарски ознаки управувано од Е.Б.(47) од Скопје.
По сообраќајната незгода двајца сопатници од возилото „Шкода“, И.Д. (40) и Б.И. (41) со возило на Итна медицинска помош биле пренесени во Градска општа болница „Св. Наум Охридски“.
Извршен е увид на местото на настанот.