СООПШТЕНИЕ НА ВМРО-ДПМНЕ: Фрустрацијата што не се на власт СДСМ ја лечат со обид за диксредитирање на капиталните проекти!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

СДСМ веќе десет години фрустрацијата што не е на власт, ја лечи со срамни обиди за дискредитирање на капиталните проекти кои Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ги реализира – се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ по повод прес конференцијата на Петре Шилегов

vmro-dpmne

Залудно се обидува СДСМ да фрли дамка на здравствениот систем во кој се спроведува најголемиот инвестициски циклус во историјата на македонското здравство. Околу 110 милиони евра изнесува инвестицијата за градби и реконструкции на јавни здравствени установи низ државата кои се веќе комплетно завршени или се во тек.

Изградивме нова Детска болница во Козле, според врвните светски стандарди за лекување и третман на најмладите пациенти. Изградивме комплетно нов објект за ПЕТ-Центарот – најсложен здравствен објект изграден во историјата на Република Македонија, за кој е обезбедена и најсовремена опрема. Реновиравме и реконструиравме бројни болници и здравствени домови низ државата.

Ако појдете во Штип, ќе се уверите дека интензивно се одвиваат градежните работи за изградба на нова клиничка болница – инвестиција вредна околу 56 милиони евра, вклучувајќи ја и инвестицијата за нова опрема, проектирање и други инфраструктурни зафати, со кои штипската болница ќе прерасне во најсовремена болница во поширокиот регион.

Во тек се и реконструкциите на болниците во Велес, Прилеп, Битола, Струмица, Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св.Еразмо“ во Охрид, и др.

Во македонското здравство се инвестирани над 115 милиони евра за набавка на нова, најсовремена медицинска опрема со која сериозно го подигнавме квалитетот на здравствените услуги. За првпат отворивме и успешно функционираат државна кардиохирургија, детска кардиохирургија, интервентна кардиологија.

Ова е реалната слика за македонскиот здравствен систем, наспроти лажната слика која СДСМ се обидува да ја креира низ личните фрустрации, неуспеси и ниту еден реализиран проект во било кој сегмент од здравството.

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This