СООПШТЕНИЕ НА КАБИНЕТОТ НА ИВАНОВ: Собранието повеќе од еден месец не постапува по предлогот на Иванов за нов член на Cyдскиот совет

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Собранието на Република Македонија повеќе од еден месец не постапува по предлогот на претседателот Ѓорге Иванов за нов член на Cyдскиот совет, велат за МИА од кабинетот на претседателот.

Оттаму потврдуваат дека согласно законските прописи и рокови уште во декември минатата година го доставиле предлогот на Иванов до Собранието. Оттаму не го откриваат името на предлогот, но велат дека се работи за професионалец, предлог кој е со долгогодишно искуство во таа област.

Согласно Уставот, претседателот предлага двајца членови на Cyдскиот совет на Република Македонија, од кои еден е припадник на заедниците кои не се мнозинство во државата. Членовите на Cyдскиот совет имаат мандат од шест години, со право на уште еден избор.

Предлогот на претседателот Иванов треба да го заземе местото на Беким Реџепи, чиј мандат како член на Cyдскиот совет истече на крајот на декември 2018 година.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This