СООПШТЕНИЕ НА ОПШТИНА КАРПОШ: Детето од „Владо Тасевски“ има шуга поради недоволна семејна грижа за личната хигиена

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

По информациите дека во скопското основно училиште во населба Козле, повторно се појавува шуга, побаравме одговор од општина Карпош.

Од таму сметаат дека нема простор за паника, бидејќи станува збор за едно дете, а како причина за шугата наведуваат  недоволна семејна грижа за личната хигиена.

Одговорот кој го добивме од општина Карпош, Ви го пренесуваме во целост:

„Во основното општинско училиште „Владо Тасевски“, во Козле, Општина Карпош евидентиран е еден, изолиран случај на SCABIES – шуга.

Инфективното заболување е присутно кај едно лице – ученик од второ одделение, а заради превентивни причини, сите ученици од утринава се ослободени од настава.

Сакаме да ја известиме јавноста, учениците и сите родители дека нема простор за паника. Кај ниту еден друг ученик не се појавени симптоми на ова заболување, а во изминатиот период, Општина Карпош направи редовна дезинфекција на училиштето. Во текот на денешниот ден ќе се направи уште една, вонредна дезинфекција.

Изолираниот случај на шуга, по втор пат се појавува кај истиот ученик, поради недоволна семејна грижа за личната хигиена.

Одделението за детска, социјална и здравствена заштита при Општина Карпош и Центарот за јавно здравје веќе се во комуникација со матичниот лекар, специјалист – дерматолог кој констатирал SCABIES кај ученикот.

Редовната и непречена настава во училиштето ќе продолжи во понеделник, 19.11.2018 година“.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This