СООПШТЕНИЕ ОД „ДРЕКСЛЕРМАЕР“: Остануваме верен партнер на тиквешијата

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Со над пет илјади вработени и производ за премиум сегмент во автомобилската индустрија, компанијата Дрекслмајер е активна во тиквешкиот регион. Германската компанија DRÄXLMAIER Group во 2012 година ја основа ДММ Дрекслмајер Мануфактуринг Македонија ДООЕЛ, Кавадарци.

Компанијата изработува комплетен кабелски сет за врвен автомобилски производител и со квалитетeн производ ја стекна довербата кај нашиот клиент. Уште во првите неколку години Дрекслмајер забележа голем раст и го зголеми бројот на вработени од неколку стотини на преку четири илјади вработени. Во моментот, во фабриката во Кавадарци работат над пет илјади вработени.

Како долгорочен партнер на регионот соработуваме и ги користиме услугите на над шестотини домашни фирми. Годишниот обрт со домашните компании изнесува над десет милиони евра. Дрексмлајер во земјата е водечка компанија во областа на дуалниот модел на образование и во соработка со Делегацијата на германското стопанство и Министерството за образование го спроведува дуалниот концепт според германски стандарди.

Согласно визијата и мисијата на DRÄXLMAIER Group, поддржуваме проекти од пошироко општествено значење и според нашиот донациски план поддржуваме проекти од областа на образованието, културата, спортот како и бројни социјални активности.

„Горди сме што во Кавадарци имаме Дрекслмајер фабрика која испорачува производ со врвен квалитет на нашиот клиент во Германија. Драго ни е што работиме и на нов производm за електричен автомобил, со што сигурно чекориме понатаму. Благодарни сме за досегашниот ангажман на сите наши вработени и остануваме фокусирани на истата цел и понатаму. Доброто на нашите вработени останува врвен приоритет за нашата компанија“, – Лукас Мирингер, генерален директор на ДММ Дрекслмајер Мануфактуринг Македонија ДООЕЛ, Кавадарци.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This