March 29, 2024, 11:40 am

СОПРУГАТА НА ИКАРДИ ГО ОТКРИ НОВИОТ КЛУБ?: Дали фудбалерот на Интер со мислите е веќе во друг клуб?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Мауро Икарди и понатаму е главна тема на Апенините, откако раководството на Интер одлучи да му ја одземе капитенската лента на Аргентинецот.

Од тогаш Икарди наводно е повреден и е надвор од тимот, па не се знае кога ќе се врати на терените. Италијанските медиуми тврдат дека Икарди одбива да се врати се додека клубот не му ја врати капитенската лента или јавно не соопшти зошто му ја одзел.

Се поглесни се шпекулациите дека Икарди на крајот на сезоната ќе го напушти Интер, а неговата сопруга и менаџер Ванда Нара можеби „случајно“ откри во кој клуб ќе ја продолжи кариерата Аргентинецот.

Имено, Ванда е многу активна на социјалните мрежи и ја следат милиони луѓе, а таа денес почна да го следи Реал Мадрид.

Тоа не би било чудно, ако Ванда до денес не следеше само еден фудбалски клуб, а тоа беше нормално Интер.Друга индиција дека Икарди може кариерата да ја продолжи на „Сантиаго Бернабеу“ доаѓа од Шпанија. Денешното издание на „Марка“ пренесува дека Реал Мадрид ќе се обиде да ги победи Јувентус и Наполи за потписот на Мауро Икарди.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This