Сопругата на Ричард Гир го покажа своето трудничко стомаче

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Непосредно пред првата годишнина од бракот на холивудскиот актер Ричард Гир и неговата трета сопруга Алехандра Силва, брачната двојка ќе го добие првото заедничко дете. Веста за бременоста е откриена уште во август, четири месеци по свадбата, а 35-годишната Алехандра сега гордо го покажа своето трудничко стомаче.

Третата сопруга на Ричард Гир на својот инстаграм-профил објави фотографија на која позира пред огледалото во бањата во тесен црн фустан, што уште повеќе го истакнува нејзиното трудничко стомаче и под неа на шпански јазик напиша: „Многу сум среќна”.

Гир ја започна врската со убавата публицистка уште додека беше во брак со Кери Лоуел. Но, тоа не го спречи да ја „освои” 33 години помладата Алехандро Силва, ќерка на Игнасио Силва, поранешен финансиски потпретседател на „Реал Мадрид“.

Инаку, 69-годишниот Ричард Гир со поранешната сопруга Кери Лоуел го има синот Хомер Џејмс, а Алехандра од бракот со Говинда Фридленд исто така има син, Алберт.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This