Сопругата на Спасовски е нeгoвиoт eдинcтвeн кoнтaкт кoj ќe oди вo caмoизoлaциja

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, пред два дена објави дека е позитивен на Ковид-19.

Според протоколите, после позитивниот тест се испитале неговите контакти. Од Владата рекле дека уште од првиот момент најтесниот круг од кабинетот на министерот се во самоизолација и чекаат насоки од здравствените власти.

Сепак, само едно лице од сите контакти на министерот Спасовски ќе оди во самоизолација, епидемиолозите оцениле дека останатите не се во ризик.

„Издадено е едно решение по основ на контакти по спроведена епидемиолошка анкета на лицата кои биле во контакт, и оценето е дека само за едно лице постои ризик од среден односно висок степен на загрозеност“, рекла директорката на Државниот здравствен и санитарен инспекторат Ирена Сотирова-Бухова, одговарајќи на новинарско прашање на денешната прес-конференција на Инспекцискиот совет.

Оттаму не го откриле идентитетот на лицето, но „Фокус“ пренесува дека сопругата на минисерот е единствениот негов контакт кој оди во самоизолација.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This