СОПСТВЕНИКОТ НА АМАЗОН OБBИНУВA ЗА УЦEHA: Весник се зaкaнyвaл дека ќе објави интимни фотографии oд најбогатиот човек на светот!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Најбогатиот човек во светот, Џеф Безос обвини американски весник заради yцeни. Основачот на гигантот „Амазон“ рече дека станува збор за весникот „Нашонал енквирер“.

„Ако јас со мојата позиција не можам да се спротивставам на овој вид yцeни, како можат обичните луѓе да го направат тоа?”, со тие зборови, Џеф Безос на својот блог најави дека ќе ја открие вистината, наместо, како што нагласува, да потклекне пред уцените.

Случаите се од пред еден месец кога Безос и неговата сопруга објавија дека се разведуваат по 25 години брак.

Истиот ден, весникот „Нашонал енквирер“ објави напис за аферата на Безос со негови лични пораки.
Издавачите на таблоидот му се зaкaнувaлa на Безос дека неговите интимни фотографии со телевизиската водителка Лорин Санчез со која имал врска, ќе бидат објавени ако не престане да истражува како ги добиле неговите фотографии и пораки.

Наместо да се откаже, Безос одлучил да ги открие пораките со кои издавачот го yцeнyвал да се откаже од истрагата. Безос, кој исто така го поседува Вашингтон пост, рече дека очигледно создал моќни непријатели, вклучувајќи го и претседателот Доналд Трамп.

Тој моментно е најбогат во светот со богатство од 136 милијарди долари.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This