April 26, 2024, 10:46 pm

СОПСТВЕНИКОТ НА ДУРМО ТУРС: Да ме прашате дали „Дурмо Турс“ сам си врши технички преглед е како да ме прашувате дали Орце Камчев се лекува во Систина

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Ние немаме никаква контрола врз превозните средства, во смисла дали тие се исправни или неисправни за вршење јавен транспсорт. Ние само вршиме контрола дали автобусите имаат лиценца и дозвола за работа и тука завршува нашата надлежност – изјави за „Република“, Руфат Хусеин, директор на Државниот инспекторат за транспорт, а во врска со техничката состојба на автобусот на „Дурмо турс“, кој завчера доживеа сообраќајна нecеќа во која животот го изгубија 14 лица.

Првиот човек на Државниот инспекторат за транспорт не сакаше да каже која станица за технички преглед ја има издадено потврдата за техничко-експлоатациони основи на „Дурмо турс“. Имено со оглед на тоа дека туристичката агенција „Дурмо Турс“ има широка лепеза на бизниси, како транспорт, авто школа, станица за технички преглед, се шпекулира дека техничкиот преглед на автобусот кој доживеа нecpеќа е направен во нивната станица за технички преглед, Автомото здружение АМЗ Гостивар. Поради тоа се отвора прашањето, дали законите дозволуваат фирми превозници да имаат и своја станица за технички преглед и сами да си издаваат потврда за техничка исправност на возилата врз основа на што и добиваат дозвола за работа?!

Ние не можеме да им наредиме на превозниците каде да ги вршат техничките прегледи на автобусите. Тоа не е наша ингеренција и надлежност, ниту пак можам да и кажам каде „Дурмо Турс“ врши технички преглед на своите автобуси. Тоа е како да ме прашувате дали Орце Камчев се лекува во Систина – дециден е Хусеин.

Сепак оваа споредба која ја направи директорот на ДИТ е смешна, со оглед на тоа Орце Камчев не си издава сам потврда дека болницата му ги исполнува стандардите. Во овој случај ние не прашавме дали сопственикот на „Дурмо турс“ се вози со своите автобуси, туку дали компанијата сама на себе си дава потврда за техничка исправност.

Дурмиш Белули, сопственикот на компанијата „ДУРМО- турс“ пак во изјава за Телевизија 24 потврдува дека техничкиот преглед на автобусот на Дурмо турс е направен во неговата станица за технички преглед, со нагласок дека техничката проверка и потврда гарантира техничка исправност на возилата.

Да јас сум сопственик на 2 правни лица, „Дурмо турс“ и Автомото здружение. Тие се два различни субјекти и секој си работи сам за себе – тврди Белули.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This