СОРАБОТНИК НА ТАЈНАТА ПОЛИЦИЈА ЌЕ ГИ ШТИТИ НОВИНАРИТЕ: Потпретседателката на ЗНМ Фиљана Кока била соработник на службите, констатирале лустраторите!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Се чини дека во Македонија не постои пример за чесно напредување во кариерата, без разлика за која дејност и линија на работа станува збор. Новинарите, секако, не се исклучок од оваа македонска мантра „на еден војвода, тројца кодоши“

 

 

По аферата која ја откри Викиликс, а во врска со оперативното делување на Никола Димитров во корист на странска држава, оддавање на државни тајни во врска со преговорите за името во времето кога тој беше главен преговарач, нова шпионска афера во новинарката фела.

Како да скандалозниот избор на Младен Чадиковски за претседател на Здружението на новинари на Македонија, проследен со низа на неправилности и гласање под сомителни околности, уште еден, посериозен скандал од начинот на избор на Чадиковски е едногласната одлука на Управниот одбор на ЗНМ за потпретседател на еснафското здружение да назначи лице за кое лустрациската комисија донела заклучок дека е соработник на органите на државна безбедност, разузнавање и контраразузнавање.

Новинарката Фиљана Кока на конститутивната седница на новиот Управен одбор, едногласно била избрана за потпреседател на здружението. Но, она што не се кажува е дека токму Кока во својата кариера напредувала, не поради нејзините новинаркси квалитети, туку поради нејзината соработка со разузнавачкото општество во Македонија.

 

Во текот на цела 1994. година, Кока обавила низа на информативни разговори со инспектори при СДБ на Р.Македонија, на кои ги информирала разузнувачите за активностите на тогашниот претседател на ПДП Арбен Џафери и неговата десна рака Мендух Тачи.

Разговорите најчесто се воделе во канцелариите на СДБ во Скопје, а понекогаш и на јавни места, како на пример во ресторанот „Пајмакс“ во Скопје.

Новинаката ги информирала инспекторите на СДБ за „радикална фракција“ на ПДП која се оформила како резултат на нерегуларности при спроведениот попис, но и по спроведените избори во организација на тогашната власт на СДСМ. Ова, како што предлага еден од инспекторите во службените белешки, биле „безбедносно интересни“ информации по кои треба да се превземат мерки.

Практично, МВР под раководство на Љубомир Фрчковски работела на задушување на албанското поличко движење во Македонија. Ова особено се гледа од фактите кои ги изнесуваат Тачи и Џафери пред амбасадорот на КЕБС (Комисија за европска безбедност и соработка), откако во седиштето на ПДП од страна на полицјата биле исклучени сите телефонски линии и канали на комуникација.

Притисоците продолжиле и со разни методи на репресија за што била запозната меѓународната заедница.

Фиљана Кока е само една од низата на новинари која во својата кариера напредувала како соработник на тајната полиција. Никола Димитров пак, својата политичка кариера, како што покажуваат документите на Викиликс, ја должи на екс-амбасадорот на САД во Македонија Филип Рикер кој пак, согласно информациите од Викиликс извршил директна ургенција кај актуелниот амбасадор на САД Џес Бејли да лобира кај премиерот Заев за местото министер за надворешни работи.

 

Извор на службена белешка – Комисија за лустрација на Р.Македонија

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This